Известување за ден-сесија на Фармацевтски факултет
Се известуваат студентите дека Фармацевтскиот факултет организира полагање во дополнителна ден-сесија за студентите на сите студиски програми на Факултетот. Во прилог кратки информации за сесијата:
Датум на одржување: 03/10/2023
Услови за пријавување:
- Еден (1) предмет од зимски семестар (условен)
- Студентот мора да го полагал предметот во септемвриска (трета) испитна сесија
Студентите кои не ги исполнуваат овие услови нема да можат да полагаат во условната сесија.
Пријавување:
- Студентот што ги исполнува условите задолжително да се пријави на следниот линк со внесување на основни податоци под соодветниот предмет: Име и презиме, бр. на индекс, дали пријавува практичен и/или теоретски испит
- Линк за пријавување
Рок за пријавување:
- Најдоцна до 02/10/2023 (понеделник) до 12:00 часот. По истекот на рокот пријавувањето ќе биде затворено. Доколку студентот не е пријавен на овој список нема да може да го полага.
Одржување:
- Распоредот за полагање ќе биде истакнат на веб страна, во зависност од бројот на пријавени, на 02/10/2023 година најдоцна до 15:00 часот.
- На денот на испитот студентите треба да донесе пријава со прикачена уплатница.
Цена за пријавување на испит: 1000 ден
Податоци за уплата:
- Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
- Банка на примачот: НБРМ
- Сметка: 100 0000000630 95
- Износ: 1000ден)
- Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
- Приходна шифра и програма: 723 013 41 начин 2
- Цел на дознака: Уплата за ден-сесија