ИНФОРМАТИВЕН ДЕН СО ЗЕГИН
ЗА СТУДЕНТИ НА ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ ПРИ УКИМ
Драги студенти,
Ве покануваме на информативен ден со Зегин, организиран со цел да се запознете со можностите за практикантство , менторство преку гемификација, како и проектите кои ги има нашата компанија за Вас студентите на Фармацевтски факултет!
На информативниот ден, ќе имате можност да се запознаете со новите програми за студенти и платформата ЗегИН Младина, која има за цел да даде поддршка на младите идни фармацевти преку можности за успешен кариерен развој, како и стипендирање преку Фондација Др. Верица Механџиска.
Нашата уникатност е иновативниот пристап на практикантство и вработување преку менторство на нов, забавен начин , учење преку игра и наградување на најдобрите !
Настанот претставува поддршка, мотивација и грижа за студентите, со главна цел да го применат знаењето во пракса, вклучувајќи многу нови придобивки специјално создадени за нив.
Студенти – идни фармацевти,
Дојдете
Запознајте не
Ве очекуваме!
Локација: Предавална 3, Фармацевтски факултет при Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје
Датум: 3 ноември 2023 – петок
Време: 12:00 – 13:00 часот