- Во студиската програма се предвидени различни методи и форми на учење за стекнување на знаења и вештини:
- теоретска настава (предавања),
- консултации,
- практична настава – лабораториски бежби или друг вид вежби,
- самостојни задачи (проектни задачи, семинарски трудови, домашни задачи, ПБЛ- проектни активности, теренски активности, подготовка на хербариум и друго),
- домашно учење (подготовка за испит).
Студентите се обврзани да ја следат теоретската и практичната настава, да земат активно учество во истата, да ги посетуваат семинарите и работилниците и да ги совладуваат другите форми на учење.
Студентот во текот на предметната програма стекнува определени бодови за својата активност и покажаното знаење. Секоја предметна програма е изразена со 100 бодови.
- Минималниот број бодови неопходен за стекнување потпис е 30 бода. Потписот се внесува во индексот и електронскиот индекс и со потписот студентот се стекнува со право да полага испит.
- Студентот го заверува семестарот со потписи во индексот и во електронскиот индекс, со што се потврдува неговото исполнување на предвидените обврски на предметните програми кои ги запишал.