Menu Close

Известување за запишување на зимски семестар и заверка на летен семестар во учебната 2024-2025 година

И З В Е С Т У В А Њ Е

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР И ЗАВЕРКА НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА

Се известуваат студентите на Фармацевтскиот Факултет дека запишувањето на зимскиот семестар (1-ви, 3-ти,5-ти, 7ми и 9-ти сем.) и заверка на летниот семестар ( 2-ри, 4-ти, 6-ти,8-ми и 10-ти) за учебната 2024-2025 година ќе се врши ЕЛЕКТРОНСКИ до 4.10.2024 година. За оваа ќе биде потребно студентите задолжително:

  • Електронски да го запишат следниот семестар (во iKnow)
  • Во сандачиња во холот пред студентска служба да достават потребни документи: Индекс, статистички образец и уплатници

Паради надоградба на iKnow системот со електроснки обрасци за запишување и заверка на семестарот, во моментот електронско плаќање не е возможно!


I ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ЗИМСКИ И ЗАВЕРКА НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР

По електронското запишување на семестарот студентите ги поднесуваат потребните документи, во соодветно обележаните сандачиња по семестри во холот на факултетот, откако ќе ги исполнат сите услови за заверка и упис на семестарот.

Доколку индексот ви е потребен за оцена или потпис не го оставајте во сандачињата. Индексите заедно со обрасците може да ги оставите, откако ке ги соберете сите потписи и оцени во индексот материјално најдоцна до 11.10.2024 година .

  1. ИНДЕКС
    • Во индексот потребно е да ги имате сите потписи од предметите што сте ги слушале во летниот семестар без разлика дали имате електронски потпис. Предметите што ќе ги преслушувате и слушате во зимскиот семестар, треба да бидат напишани во индексот.
  2. ОБРАЗЕЦ ЗА ЗАВЕРУВАЊЕ НА СЕМЕСТАР
    • Од летен семстар 2023-2024 година, Образецот за заверување на семестар е заменет со електронски и истиот се плаќаат 50 денари на уплатница ПП50.
  3. ОБРАЗЕЦ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СЕМЕСТАР
    • Од зимски семстар 2024-2025 година, Образецот за запишување на семестар е заменет со електроснки и истиот се плаќа 100 денари на уплатница ПП50 со вклучен образец за заверка на иститот семестар.
    • Во iKnow системот, Максимум може да запишат 35 ЕКТС кредити. Студентите со просечен успех над 8,5 може да запишат 40 ЕКТС кредити. Студентите кои запишуваат 40 ЕКТС потребно е од страната на факултетот да испринтаат барање и да го пополнат. Барањето се поднесува заедно со останатите документи.
  4. НАПОМЕНА: Предметите запишани во iKnow системот за зимскиот семестар, треба да се идентични со предметите кои сте ги запишале во индексот. Доколку пополнетите предмети не се идентични (во индексот и електронскиот упис во iKnow системот) уписот ќе се смета како направен после рок и ќе треба да се уплати казна за ненавремено запишување на семестарот.
  5. Потврда (УПЛАТНИЦА) за уплатена рата за партиципација/кофинансирање
  6. Потврда (УПЛАТНИЦА) за надомест на штети, солидарна одговорност, книжен фонд и лабораториски вежби
  7. Потврда (УПЛАТНИЦА) за заверка на летен семестар 2023-2024 година и запишување и заверка на зимски семстар 2024-2025 година
  8. Потврда (УПЛАТНИЦА) за ИКСА УКИМ
  9. Потврда (УПЛАТНИЦА) за презапишување на предмети од зимски семстар 2024-2025 година НЕМА ДА СЕ ПЛАЌААТ!
    • доколку студентот има уплатено за презапишување на предмети, истата сума се префрла за партицилација/кофинансирање.

I.1 ДОПОЛНИТЕЛНИ ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

  • Студентите запишани во државна квота (без разлика на година на упис) доколку запишат предмет ПО ТРЕТ ПАТ преминуваат, односно го продолжуваат студирањето до крајот на студиите во КВОТА СО КОФИНАНСИРАЊЕ. Овие студенти потребно е да поднесат БАРАЊЕ /МОЛБА до студентската служба за продолжување на студиите во квота со кофинансирање и да потпишат соoдветни документи за промена на квота.
  • Студентите запишани од 2013/14 година па наваму кои нема да освојат 50% од запишаните КРЕДИТИ во одреден семестар (зимски/летен) до почетокот на истиот семестар наредната година (зимски/летен) преминуваат во КВОТА СО КОФИНАНСИРАЊЕ и го продолжуваат студирањето до крајот на студиите во квота со кофинансирање. Овие студенти потребно е да поднесат БАРАЊЕ (МОЛБА) до студентската служба за продолжување на студиите во квота со кофинансирање и да потпишат содветни документи за промена на квота.
  • Студентите кои немаат стекнато услов за слушање на предмети во зимскиот семестар, а имаат право на полагање, како и студенти кои завериле 10-ти семестар, а имаат предмети за полагање од летниот семестар или бранење на дипломски труд, го запишуваат/регистрираат семестарот. За таа цел поднесуват индекс и уплатница од 1000 денари на жиро сметка на Фармацевтски факултет дадена во прилог.
  • Студентите кои семестарот го плаќаат на рати мора да го имаат расчистено претходниот семестар по што ќе може да достават молба за плаќање на рати на тековниот семестар. Овие студенти молбата/барањето за плаќање на рати го принтаат од страната на факултетот и пополнето го даваат заедно со документите за упис.
  • Доколку студентот ненавремено го изврши електронскиот и уписот во материјална форма должен е да уплати за запишување и заверка на семестар вон предвидениот рок (500 ден за заверка и 500 ден за упис на семестар) на жиро сметка на Факултетот, со назнака заверка и упис после рок, за ова студентот пополнува посебен образец кој го принта од страната на факултетот го, пополнува и го дава заедно со останатите документи. Оправдано е запишување на семестар по рок, за студенти кои полагаат само условен предмет за кој немаат добиено резултати во рокот предвиден за запишување на семестарот.
  • Документите (индекс, статистички образец и уплатници) се оставаат во кутии во холот на факултетот. Сите некомплетни документи, несоодветно и нецелосно пополнети од страна на студентот како и несовпаѓање на напишаните предмети со електронски запишаните предмети во iKnow, ќе се смета за запишување на семестар после рок.

II ПОДАТОЦИ ЗА ПРЕСМЕТКА НА СУМАТА КОЈА ТРЕБА ДА СЕ УПЛАТИ ЗА ШКОЛАРИНА И ДРУГИ УПЛАТИ

Секој студент врз основа на бројот на кредити кои ги запишува и квотата во која студира го пресметува износот на школарината. Податоците за пресметка дадени се во табела што следи. Во истата наведени се и дополнителни услови и износи за уплата.

Табела 1. Податоци за пресметка на уплати за школарина и други уплати

УПЛАТИПресметка за уплата / износ за:
Студенти запишани ОД учебната 2010/11 и понатамуДржавна квота (партиципација) 3,33 ЕУР (205 ден.) по кредит на сметка на Фармацевтски факултет
Кофинансирање 6,66 ЕУР (410ден.) по кредит на сметка на Фармацевтски факултет
Студенти со завршено целокупно образование во странство и иселеници со 400 ЕУР годишно6,66 ЕУР (410ден.) по кредит се уплаќа на сметка на РЕКТОРАТ
Странски студенти запишани со 1500 ЕУР 25 ЕУР (1537,5 ден) по кредит се уплаќа на сметка на РЕКТОРАТ
Материјални ресурси – (За надомест на штети, солидарна одговорност, книжен фонд, лабораториски вежби и осигурување)2000 денари, уплаќаат СИТЕ студенти запишани на ФФ на сметка на Фармацевтски факултет, со назнака за надомест на штети, солидарна одговорност, книжен фонд, лабораториски вежби и осигурување
Презапишување на предметОд зимски семестар 2024-2025 година, се плаќаат само кредитите од предметот кој се презапишува!
ИКСА –УКИМ за фармацевтски факултет750денари уплаќаат СИТЕ студенти запишани на ФФ на сметка на РЕКТОРАТОТ
Регистрација на семестар1000 денари уплаќаат студенти кои немаат стекнато услов за слушање на предмети во зимски семестар, а имаат право на полагање, како и студенти кои завериле 10-ти семестар, а имаат предмети за полагање или бранење на дипломски труд, со назнака за регистрација на семестар
Запишување на семестар по истекување на рокот1500 денари

II.1 ПОДАТОЦИ ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА УПЛАТНИЦИ:

Уплатата за партиципација/кофинансирање се врши на образец ПП 50 на жиро сметка наФармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:

  • Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Сметка: 100 0000000630 95
  • Износ (пресметано според табела 1)
  • Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
  • Приходна шифра и програма 723 012 41 начин 2
  • Цел на дознака: Уплата за број на кредити во државна квота / квота со кофинансирање
    • Пример: Уплата за 30 кредити во државна квота / уплата за 35 кредити во квота со кофинансирање

Уплата за електронско запишување и заверка на семестар се врши на образец ПП 50 на жиро сметка на РЕКТОРАТ и ги содржи следните податоци:

  • Назив на примачот: УКИМ, Скопје
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Сметка: 100 0000000630 95
  • Износ: 150ден (заверка на летен семестар 2023-2024 година – 50 ден и запишување и заверка на зимски семестар 2024-2025 година – 100 ден)
  • Сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
  • Приходна шифра и програма 723 019 41 начин 2
  • Цел на дознака: Запишување и заверка на семестар

Уплата за регистрирање семестарот се врши на образец ПП 50 на жиро сметка на Фармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:

  • Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Сметка: 100 0000000630 95
  • Износ: 1000 денари
  • Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
  • Приходна шифра и програма 723 012 41 начин 2
  • Цел на дознака: За регистрација на семестар

Уплата за Материјални ресурси – (надомест на штети, солидарна одговорност, книжен фонд, лабораториски вежби и осигурување), на образец ПП 50 на жиро сметка на Фармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:

  • Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Сметка: 100 0000000630 95
  • Износ : 2000 денари
  • Сметка на буџетски корисник 1600104553 788 12
  • Приходна шифра и програма 723 013 41 начин: 2

Уплатата за ИКСА УКИМ се врши на образец ПП 50 на жиро сметка на РЕКТОРАТ и ги содржи следните податоци:

  • Назив на примачот: УКИМ
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Сметка: 100 0000000630 95
  • Износ (пресметано според табела 1)
  • Сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
  • Приходна шифра и програма 723 012 41 начин 2
  • Цел на дознака: Уплата за ИКСА УКИМ за Фармацевтски факултет.

ЗА СТРАНСКИ СТУДЕНТИ:

Уплатата за партиципација/кофинансирање се врши на образец ПП 50 на жиро сметка на РЕКТОРАТ и ги содржи следните податоци:

  • Назив на примачот: УКИМ
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Сметка: 100 0000000630 95
  • Износ (пресметано според табела 1)
  • Сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
  • Приходна шифра и програма 723 012 41 начин 2
  • Цел на дознака: Уплата за број на кредити во државна квота / квота со кофинансирање.