Menu Close

CEEPUS е регионална програма која ја промовира мобилноста на студентите во текот на студирањето. Во оваа програма учествуваат високошколски институции од: Aлбанија, Бугарија, Чешка, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Србија, Албанија, Македонија и Црна Гора. Цел на програмата е развој на образованието.

Деталните информации и потребните документи за мобилност на студентите можат да се најдат на веб страницата на Министерството за образование и наука (www.mon.gov.mk) и преку Еразмус координаторот на Факултетот (Проф. д-р Катерина Горачинова).


CEEPUS програма за размена

Мрежа: CEKA PharmTech

CEEPUS програма за размена

Централноевропска програма за размена за универзитетски студии – Central European Exchange Program for University Studies (CEEPUS), е програма за академска размена на студенти и професори од Централна и Источна Европа која се заснова на меѓународен договор потпишан од земјите членки: Австрија, Албанија, Бугарија, Црна Гора, Чешка, Хрватска, Македонија, Унгарија, Полска, Романија, Словачка, Словенија и Србија. Oваа програма е основана во 1993 година.

CIII-RS-1113-00-1718

Централноевропската алијанса на знаење, учење и истражување во фармацевтската технологија – Central European Knowledge Alliance for Teaching, Learning & Research in Pharmaceutical Technology (CEKA PharmTech) е мрежа финансирана од CEEPUS, во која тринаесет универзитети од десет земји членки на CEEPUS имаат за цел континуирано подобрување на наставата и учењето, научното истражување и соработката меѓу универзитетите и индустријата, преку зголемена мобилност на студентите и академскиот кадар и зголемена достапност на истражувачки капацитети што доведува до подобрување на академските резултати во областа на фармацевтската технологија. Заеднички едукативни настани, како што се интензивни докторски семинари, летни школи и едукативни екскурзии, се исто така дел од активностите на CEKA PharmTech, како и поддршка на еден од главните регионални научни настани во областа на фармацијата, Централноевропскиот симпозиум за фармацевтска технологија (CESPT), кој традиционално се организира преку заеднички напори на институциите учеснички во CEKA PharmTech мрежата.

ПРОЦЕС НА АПЛИКАЦИЈА

Пред аплицирање, студентите потребно е да го консултираат одговорното контакт лице за CEEPUS во нивната држава. Студентите може да ја поднесат својата апликација online преку следење на долуспоменатите чекори:

  1. Најпрво, потребно е да направите профил и да се регистрирате на CEEPUS програм вебсајтот (http://www.ceepus.info/#nbb)
  2. На Mobility desktop одберете “your mobility applications”
  3. Одберете ја соодветната “Академска година” од дадената листа.
  4. Кликнете на “Create a new mobility” копчето во “Action” панелот и следете ги инструкциите на следните страници (CEKA PharmTech Network Number is CIII-RS-1113-00-1718).

Крајниот рок за аплицирање за летен семестар е 31.10, додека пак за зимскиот семестар е 31.05, секоја година, соодветно.

Детални информации за CEEPUS и CEKA програмите за размена може да се најдат на следниве линкови:

Official CEEPUS website (на клик да се отвара следниот линк http://www.ceepus.info/#nbb)

CEEPUS III Work Programme 2021 ‐ 2023 (на клик да се отвара следниот линк http://www.ceepus.info/files/c3/gi/C3WorkProgram.pdf)

Official CEKA PharmTech Newtwork website (на клик да се отвара следниот линк https://www.ceepus.info/public/network/network_view.aspx?cpnr=1113-2122 )

ПАРТНЕРИ

Координатор

University of Belgrade
Faculty of Pharmacy
Department of Pharmaceutical Technology
Vojvode Stepe 450
11221 Belgrade, Serbia
Contact person: Prof. Dr Jelena Parojčić (Email: jelena.parojcic@pharmacy.bg.ac.rs)

Институции учесници

University of Graz
Institute of Pharmaceutical Sciences
Department of Pharmaceutical Technology & Biopharmacy
Universitätsplatz 1
8010 Graz, Austria
Contact person: Prof. Dr. Andreas Zimmer (andreas.zimmer@uni-graz.at)

University of Sarajevo
Faculty of Pharmacy
Department of Pharmaceutical Technology
Zmaja od Bosne 8
71000 Sarajevo, Bosnia and Herzegovina
Contact person: Assoc. Prof. Dr. Edina Vranić (evranic@gmail.com)

University of Szeged
Faculty of Pharmacy
Institute of Pharmaceutical Technology and Regulatory Affairs
Eotvos u. 6.
6720 Szeged, Hungary
Contact person: Prof. Dr. Geza Regdon (geza.regdon@pharm.u-szeged.hu)

University Sts.Cyril and Methodius – Skopje
Faculty of Pharmacy
Department of Pharmaceutical Technology
Majka Tereza 47
1000 Skopje, Republic of Macedonia
Contact person: Prof. Dr Katerina Goračinova (kago@ff.ukim.edu.mk)

Medical University of Gdansk
Faculty of Pharmacy
Department of Pharmaceutical Technology
Hallera 107
80-416 Gdansk, Poland
Contact person: Prof. Dr. Malgorzata Sznitowska (msznito@gumed.edu.pl)

Carol Davila University of Medicine and Pharmacy
Faculty of Pharmacy
Department of Biopharmaceutics
Traian Vuia 6
020956 Bucharest, Romania
Contact person: Prof. Dr. Flavian Radulescu (flavian_stefan@yahoo.com)

Comenius University in Bratislava
Faculty of Pharmacy
Odbojárov 10
83232 Bratislava 3, Slovakia
Contact person: Assoc. Prof. Dr. Jindra Valentova (valentova@fpharm.uniba.sk)

University of Ljubljana
Faculty of Pharmacy
Department of Pharmaceutical Technology
Aškerčeva 7
1000 Ljubljana, Slovenia
Contact person: Prof. Dr. Stanko Srčić  (stanko.srcic@ffa.uni-lj.si)

ДОСЕГАШНИ МОБИЛНОСТИ

Во периодот од 2017 па сѐ до денес, студентите на Магистерски и Докторски студии при Фармацевтскиот факултет во Скопје имаат успешно извршено престои (до 3 месеци) и посети во повеќе од 5 институции – членки вклучени во CEKA Pharm Tech мрежата.

СтудентCEKA Pharm Tech МрежаИнституција
Mihailova Ljubica, PhD studentM-RS-1113-2122-154698University of Graz, Institute of Pharmaceutical Sciences / Department of Pharmaceutical Technology
Boshkova SimonaM-RS-1113-1920-139686Medical University of Gdansk, Department of Pharmaceutical Technology
Mihailova Ljubica, PhD studentM-RS-1113-1819-125162University of Graz, Institute of Pharmaceutical Sciences / Department of Pharmaceutical Technology
Shalabalija Dushko, PhD studentM-RS-1113-1819-125171University of Belgrade, Faculty of Pharmacy, Department of Pharmaceutical Technology
Dimkovska TeodoraM-RS-1113-1819-125871University of Belgrade, Faculty of Pharmacy, Department of Pharmaceutical Technology
Ruseska IvanaM-RS-1113-1718-107845University of Graz, Institute of Pharmaceutical Sciences / Department of Pharmaceutical Technology
Nikolovski GjorgiM-RS-1113-1718-109311University of Sarajevo, Faculty of Pharmacy Department for Pharmaceutical Technology
Ruseska IvanaM-RS-1113-1718-112895University of Graz, Institute of Pharmaceutical Sciences / Department of Pharmaceutical Technology
Markova ElenaM-RS-1113-1718-113361University of Ljubljana, Faculty of Pharmacy
Kostovska MonikaM-RS-1113-1718-113398University of Graz, Institute of Pharmaceutical Sciences / Department of Pharmaceutical Technology
Taneska LeaM-RS-1113-1718-113531Medical University of Gdansk, Department of Pharmaceutical Technology

Студенти од различни држави истотака ја имаа можноста за извршување на дел од експерименталната работа од нивната Магистерска или Докторска теза на Фармацевтскиот факултет во Скопје.

СтудентCEKA Pharm Tech МрежаДомашна Институција
Ignjatovic Jelisaveta, PhD student University of Belgrade, Faculty of Pharmacy, Department of Pharmaceutical Technology
Ramic Samir University of Sarajevo, Faculty of Pharmacy Department for Pharmaceutical Technology