Menu Close

Што е EPSA Individual Mobility Project (IMP)?

EPSA Individual Mobility Project, IMP  е долготраен проект кој им нуди на студентите и скоро дипломираните фармацевти низ Европа (членки на EPSA, меѓу кои е и Фармацевтскиот Факултет- Скопје) да стекнат работно искуство во истражувачка работа во различни области пред да го започнат својот професионален живот. IMP е основана со цел полесно да овозможи пракси и истражувачки работи на студентите и скоро дипломираните фармацевти во странски држави и притоа претставува врската меѓу нив и фармацевтската индустрија и институциите кои нудат можност за прифаќање на странски студент како практикант. Надминувањето на границите и обединувањето на европските студенти по фармација е главната идеа на функционирањето на IMP. IMP проектот е во развој во Велика БританијаСрбијаШпанијаШведскаПолска, ТурцијаУнгаријаФинска и многу други земји кадешто веќе имаме воспоставено партнерства со бројни компании. Тие компании се (во заградите е прецизиран типот на работно место кое го нудат):

GlaxoSmithKline (Industry-sales placements), Astra Zeneca (Industrial research placement), RPN Barcelona (Regulatory officer vacancy) Ali Raif (Laboratory production process trainee placement), Faculty of Pharmacy in Belgrade & Faculty of Medicine in Novi Sad (Research placements), Faculty of Medicine in Cracow (Clinical pharmacy trainee vacancy), Medico Uno (Technician – junior manager placement), Faculty of Pharmacy in Helsinki (Research placement) и многу други.

 

Име и презиме: Ана Масларова

Национален IMP Координатор

Мобилен: + 389 71 246 250

Електронска пошта: imp.macedonia@gmail.com 

Интернет страница: http://www.epsa-online.org/imp/

 

Име и презиме: Стефан Петровски

Локален IMP Координатор

Мобилен: +389 75 707 315

Електронска пошта: stepetrovski@yahoo.com