Menu Close

Актуелности

Стручен едукативен состанок: „Унапредување на квалитетот на аптекарската практика поттикнато од професијата - Работиме заедно!

Почитувани Колеги,

Поради големиот интерес за учество на стручно едукативниот состанок „Унапредување на квалитетот на аптекарската практика поттикнато од професијата – Работиме заедно!“, Ве известуваме дека настанот ќе биде ХИБРИДЕН, односно дел од регистрираните учесници ќе имаат можност да го следат настанот онлајн.
Со оглед на просторните капацитети на амфитеатарот на Фармацевтски факултет, Ве замолуваме на следниот линк ( https://forms.gle/uo5cPsRvsUZEjt4g6 ) да изберете дали сте за физичко присуство на настанот или истиот ќе го следите онлајн.

Напомена: бројот на учесници со физичко присуство е ограничен и по пополнување на капацитетите од 130 учесници, опцијата – физичко присуство ќе биде затворена.

Учесниците кои ќе го следат настанот онлајн, во текот на следната недела ќе добијат известување на нивните електронски адреси за начинот на вклучување и следење на настанот, со цел регулирање на поени за учество од страна на Фармацевтска комора РСМ.

Со почит,

Фармацевтски факултет, УКИМ-Скопје

Огласи

Оглас за пријавување на кандидати за запишување односно одобрување на специјализации

Фармацевтски факултет Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје распишува оглас за запишување на специјализации за вработени здравствени работници во јавни здравствени установи

Повеќе информации на следниот линк.

Архива на огласи

Соопштенија за студенти

Последни соопштенија

Досега запишани студенти

Магистер по фармација

0

Лабораториско биоинженерство

0

Диететика и диетотерапија

0